Боксер со шок-изјава: Ме силуваа на 10 години, размислував да се самоубијам

Калум Хенкок влезе во рингот во арената „Шефилд“ пред илјадници фанови што го извикуваа неговото име и мавтаа со вклучени телефони.

Битката беше увертира на мечот меѓу Кел Брук и Мајкл Зерафа во 2018 година и требаше да биде најважниот момент во неговата кариера, но се што можеше да помисли Калум беше неговата „валкана тајна“.

Она што толпата немаше идеја е дека како 10-годишното дете Калум било силувано од локален силеџија и поголемиот дел од двете децении го поминал на „мрачно“ место. Хенкок поминал низ многу тешка депресија во која помислил да направи самоубиство и да го убие својот силувач.

Сега има 29 години, Калум смело ја сподели својата приказна, за да помогне во подигнување на свеста за поддршката што им се дава на жртвите на сексуално насилство, без оглед на тоа пред колку време се случило насилството.

„Тој беше најголемото момче во градот каде што пораснав. Беше четири-пет години постар од мене, а многу години го тероризираше ова место и ми го правеше животот мизерен. Сè почна со земање на мојот скејтборд, потоа велосипедот или разбивањето на моето дувло и заклучувањето во гаражата.

Потоа стануваше се потешко и потешко и тој редовно си ги соблекуваше панталоните и ме тепаше. Тој се би сторил за да ми го уништи денот. Еден ден, еднсотавно, ме измами. Имав 10 години, а тој дојде и рече дека ќе ми помогне да направам ново дувло. Зеде чекан и клинци, потоа сексуално ме злоупотреби и ме силуваше. Потоа ми се смееше и ми рече дека сум мало педе..е и не треба да плачам. Ме остави и побегна.

Кога одев во средно училиште, се сетив дека сакам девојки, чувствув дека сум и привлечен на девојчињата. Но, во главата се мислев: „Сум бил со маж, дали тоа значи дека сум хомосексуалец?“ Толку години, ја доведував во прашање мојата сексуалност. Како што стареев малку на 14, 15, 16 години, се појави чувство на вина, срам и стана неподносливо.

Главната причина што молчев беше затоа што не сакав мајка ми и татко ми да се чувствуваат како да им недостасува нешто со мене, како да ме изневериле на некој начин, затоа што никогаш не го правеле. Светот во мене беше мрачен. Никогаш немало ден да не размислувам за тоа што се случи.

Самоубиствените мисли, планирањето на убиството беа толку привлечни. Почнав да боксирам, затоа што бев сериозно малтретиран, а потоа почнав да возвраќам. Боксот е мојот спасител многу години. Пуштав многу отров во теретана.

Дадов се од себе да ги задржам моите демони настрана. Знам како е да се страда во тишина. Знам како е да се чувствувате осамени, да бидете преполни со вина и овој срам”, раскажа Калум.

Сторителот, Џејсон Литл, на крајот се изјасни за виновен за педерастија и две обвиненија за непристоен напад. Тој беше осуден на шест и пол години затвор.

Калум реши да прекине со боксот во 2019 година со скор 10-0 во рингот. Тој сака да стане тренер за живот и да им помога на другите кои доживеале сексуално насилство како него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON