Бразилската полиција го уапси мароканскиот боксер Хасан Саада под обвинение за сексуално насилство над две локални жени кои работат како келнерки во рестораните на Олимпиското село.
Според соопштението, наводното кривично дело е извршено во среда. Од полицијата соопштија дека Саада ќе остане во притвор во траење од 15 дена во кои ќе биде спроведена истрага за силување. Според бразилските закони, осомничените можат да бидат задржувани над 24 часа, додека тече истрага по обвинението.
Саада требаше да го почне учеството на боксерскиот турнир во саботата, а негов ривал требаше да биде Турчинот Мехмет Надир.