Индонезискиот боксер Херо Тито, чие вистинско име е Хео Пурванто, почина од повредите здобиени за време на натпреварот против Џејмс Мокогинто, меч во лесна категорија кој се одржа на 27. февруари.
Боксерот веднаш бил префрлен во болница, каде лекарите неколку дена се бореле за неговиот живот, но на крајот, за жал, им подлегнал на повредите.
„Секој пат кога некој борец ќе влезе во рингот, тие го прават тоа знаејќи дека страста им е последна. Боксерското братство загуби уште еден член. Почивај во мир“, се прости од Тито поранешниот шампион Ленокс Луис.
Тито во професионалниот бокс е од 2004 година и во текот на кариерата оствари 29 победи на 48 меча.
https://www.youtube.com/watch?v=CnJlvxQ5h_A&t=251s