Боксер по првиот нокаут и пораз почина (ВИДЕО)

Непоразен боксер во професионалната кариера го претрпе првиот пораз, а го изгуби и животот.

Франциско Руиз од Салвадор во дуелот со сонародникот Рикардо Кортез беше нокаутиран во осмата рунда, а тоа се покажа и како кобно за неговиот живот.

Руиз доби неколку силни удари, а по завршниот удар на противникот, несреќниот боксер падна во рингот и незгодно ја удри главата од подот. Во безсознание е пренесен во болница, таму лекарите неколку дена се обидувале да го спасат неговиот живот, но на крајот се покажа како неуспешно.

Руиз оваа година ја започна професионалната кариера и започна со три победи во низа. Против Кортез го доживеа првиот пораз и тој беше кобен за него.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON