Боксер останал парализиран по удар од противникот, стоел како замрзнат (ВИДЕО)

Една морничава и застрашувачка сцена се случила на „Ризин 34“, во борбата меѓу Минору Кимура и Дерил Лококу.

Овој ММА и кик-бокс настан нѝ донесе ситуација каква што не се гледа често.

Имено, борецот од Конго останал парализиран по ударот од Бразилецот – десната рака на Лококу за момент се спуштила, па крошето на Кимура поминало и ја погодило неговата брада.

Лококу во истиот момент се „заледил“ односно останал парализиран.

Судијата веднаш забележал што се случува и го прекинал мечот, а со својата реакција спречил Бразилецот уште еднаш посериозно да го удри својот ривал.

Кимура сакал дефинитивно да го дотолчи противникот, за среќа со еден удар го промашил додека другиот бил ублажен, веројатно поради реакцијата на судијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON