Македонската бокс репрезентација од 1 до 10 мај ќе замине на подготовки во Ајвалик во Турција, каде што ќе се подготвува со репрезентациите на Русија, Турција и Молдавија.
На подготовки ќе одат 12 репрезентативци и тоа: Александар Ристовски, Јасмин Мифтар, Алмир Нуришов, Јасин Лама, Денис Муаремовски, Мартин Алексов, Лулзим Исмаили, Николса Арсов, Гоце Јанески, Дејан Ристески, Лулзим Бајрами и Димитар ташков.
Со нив ќе бидат и тројцата тренери Фатон Салиху, Мирко Ристевски и Илија Младеновски.
Подготовките ги овозможи Олимпискиот комитет на Македонија (МОК) во соработка со Турскиот олимпикси комитет. Претседателот на МОК, Васил Тупурковски, бил воодушевен од настапот на боксерите во рамките на Регионалната бокс лига во Штип меѓу Пинк Пантер и Сесвете, затоа се ангажирал да му помогне на некогаш најтрофејниот спорт во Македонија.
Ipon.mk/В.Д.