По покана на Боксерскиот сојуз на Србија (БСС) македонската боксерска репрезентација денеска замина на подготовки во Златибор, Србија, каде што ќе остане до 17 јуни.
Подготовките за Медитернаските игри во Шпанија од 22 јуни.
Сместувањето и исхраната се на сметка на Боксерскиот сојуз на Србија. Покрај нашата и репрезентацијата на Србија во Златибор треба да бидат и Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска и Црна Гора.
На подготовки заминаа Осман Демиров од Баргала, Јасин Лама од Шкупи, Артан Алиу од Чаир и Лулзим Исмаили од Шкендија.
Исмаили ќе ја претставува Македонија во категоријата до 69 килограми на Медитеранските игри.
Ipon.mk