Бокс репрезентацијата ги почна подготовките без Сулејмани и Нуришов (ФОТО)

Боксерската репрезентација на Македонија ги почна подготовките во Ајвалик, Турција, каде што ќе остане до 10 мај. Но, репрезентацијата отпатува без Исак Сулејмани и Алмир Нуришов, бидејќи нивниот тренер побарал дневници за неговите боксери вчера пред тргнувањето, велат членови на Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија.

Од УО на БФМ велат и оние 10 боксери што се во Турција ако не ги почитуваат правилата на репрезентацијата и на стручниот штаб ќе бидат вратени во Македонија.

Инаку на подготовки се 10 репрезентативци и тоа:

-56 кг Јасмин Мифтар
-60 кг Александар Ристовски и Јасин Лама
-64 кг Денис Муаремовски и Дејан Ристески
-69 кг Мартин Алексов и Лулзим Исмаили
-75 кг Гоце Јанески и Никола Арсов
-91 кг Димитар Ташков

Со нив се тројцата тренери Енвер Салиху, Мирко Ристевски – Мице и Илија Младеновски и како водач на патот.

Подготовките ги овозможи Олимпискиот комитет на Македонија (МОК) во соработка со Турскиот олимпикси комитет. Претседателот на МОК, Васил Тупурковски, бил воодушевен од настапот на боксерите во рамките на Регионалната бокс лига во Штип меѓу Пинк Пантер и Сесвете, затоа се ангажирал да му помогне на некогаш најтрофејниот спорт во Македонија.
Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON