Бокс репрезентацијата на мини подготовки во Загреб

Македонските боксери во сениорска конкуренција од денес се во Загреб на мини подготовки, од 3 до 8 март по покана на Хрватскиот боксерски сојуз.

Националниот тим во хрватската престолнина отпатува со следните боксери:

Наум Стојаноски, Ален Рустемовски, Адријан Рустемовски , Лука Трифуновиќ, Стефан Петрушевски и Илчо Костовски.

Сениорскиот национален боксерски тим на овие подготовки ги води прославеното боксерско име и воедно и освојувач на олимписки медал Реџеп Реџеповски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО