Македонската бокс репрезентација поради подобри услови еден ден порано заминува на завршните подготовки за Европското првенство за млади сениори (У-22) во во Тргу Јиу, Романија, од 24 март до 2 април.
На подготовки утре во Скадар, Албанија, ќе заминат Гоце Јанески, Лулзим Исмаили и Јасин Лама под водство на тренерот Мирко Ристевски. Нашите боксери со албанската репрезентација ќе се подготвува до 21 март, потоа се враќаат во Скопје за да се одморат и подготват 1-2 дена. По малиот одмор под водство на селекторот Петар Чурлиновски и на тренерот на репрезентацијата Фатон Салиху заминуваат за Романија.
Да потсетиме дека првично беше планирано да се оди на подготовки во Хрватска, но од Албанија понудиле подобри услови за подготовки.
Ipon.mk