Бојковиќ и Спаховиќ убедливо триумфираа, нова победа на Иван Сичаја

Во главната борба на ФНЦ 18, одржана во спортската сала Борик во Бања Лука, непоразениот Марко Бојковиќ со прекин го победи поранешниот предизвикувач во лесна категорија, Арлен Рибеиро.

Српскиот борец стигна до седмата победа во кариерата веќе во првата рунда откако ја направи лост на десната рака на Арлен.

Во борбата за титулата во полутешка категорија босанско-херцеговскиот натпреварувач Томислав Спаховиќ (9-7) го совлада Грузиецот Шота Гвасали со прекин во првата рунда.

По првиот клинч Спаховиќ го собори грузискиот борец и почна да го удира противникот со налет на удари, а судијата ја прекина борбата.

Голема возбуда понуди борбата во перо категорија, во која хрватскиот борец Иван Сичаја со едногласна одлука на судиите го победи Швајцарецот Тео Салдана Смит. Тоа е шести триумф во неговата кариера.

Во кик бокс пресметка со мали ракавици, по три одлични рунди исполнети со чиста акција, Стефан Добријевиќ со поделена одлука го победи фаворизираниот Милош Јаниќиќ.

Во единствената пресметка во тешка категорија на настанот, Миленко Стаматовиќ со едногласна одлука на судиите беше подобар од Карлос Едуардо, а на ист начин Вељко Алексиќ го совлада Антони Будимир.

Во воведните борби Франо Брнада со едногласна одлука на судиите го победи Молдавецот Николае Гиска, додека Никола Ѓурѓев со гилотина во првата рунда го победи Пава Сахота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON