Бојана Лазаревска од ПБК Безбедност вчера го освои сребрениот медал на силниот Меѓународен турнир во борење „Серафим Барзаков“ во Петрич -Бугарија.
„Лазаревска потврди дека е една од најдобрите кадетки во женско борење во регионот. Исто така, резултатите кои ги постигнува Лазаревска во изминатите две години се најголем доказ дека Федерацијата за боречки спортови постапила неправилно и неетички во однос на женското борење, поврзано со нејзиното непријавување на ЕП и СП за кадетки. Како и Балканското првенство во 2019 година“, вели тренерот Страшо Глигоров.