Бојана Ковачева освои бронзен медал на „Динко Петров“ во Бугарија

Бојана Ковачева од Олимпија освои бронзен медал на Меѓународниот турнир „Динко Петров“ во Стара Загора, Бугарија.

Таа во категоријата до 42 килограми со 10 учеснички во 1.коло ја победи со туш претставничката на Турција, а во второто загуби од борача од Косово, додека во борбата за 3-то место салвеше 12-2 над бугарската борачка.

Андреа Нисева (50 кг) е петта, а во нејзината категорија имаше 13 натпреварувачки. Во првата борба славеше 8-2 против борачка од Турција, во второтоп 10-0 на македонска претставничка, додекаво полуфиналето загуби 2-1 од бугарска борачкаија, а во борбата за 3-тото место загуби 5-3 од Унгарка.

Мелани Митевска (54 кг, 13 учеснички) – 1.коло слободно, во второто победа на Бугарија, во третото пораз од бугарска борачка, а во борбата за бронзата е поразена од натпреварувачка од Турција. Се пласира на 5-тото место.

Марио Ананиев (48 кг, 21 учесник) е поразен во првотоци коло од бугарски борач.

Леон Стојанов (52 кг, 23 учесници) во второто коло победи 4-2 со туш над бугарски борач, во ¼ финале пораз од Бугарија и го освои 6 место.

„Со оглед на тоа дека нашите борачи немаат учества на првенства, а и заради короната, речиси без турнири, задоволија со борбите. Покажаа што знаат, но и што не знаат така да има материјал за работа во наредниот период. Следуваат нови турнири и собирање на неопходното искуство“, велат од Олимпија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON