Македонската федерација за бразилско џиу џицу викендов организираше семинар со претседателот на Хрватската БЏЏ федерација, Бојан Мирковиќ.
Првиот дел од семинарот беше посветен на судиите во БЏЏ, по што се одржа и полагање, а 8 ученици добија сертификат за официјални на нашата федерација, тоа се: Александра Јанкова, Стефан Пецевски, Тодор Настевски, Благоја Трајчевски, Дејан Чолески и Ивица Алексовски, инаку претседател на МФБЏЏ.
Вториот дел од семинарот беше за ММА и граплинг, при што се вежбаа техники за борба во стоечка позиција, како и техники за поминување на гардот, дрилови и друго.
ipon.mk/В.Д.