Во најновото издание на „Стадион“ на Канал 77 гостуваше Владимир Богоевски, спортски директор на Олимпискиот комитет, кој истакна дека одговорноста за создавањето на спротисти ја имаат клубовите во земјава.
Според него, во Олипмискиот комитет има правила на игра, а тие правила се втемелени од Меѓунардониот олимписки комитет и мора да се почитуваат.
„Кај нас на Олимпијада може да оди само најдобро рангираниот спортист. Не постои случај во кој најдобар спортист не заминал на Олимпијада. Федерациите на Македонија ни доставуваат нивни предлози за најдобри спортисти, но истите се регистрираат по бодовна листа, по која се следат најдобрите спортисти. Сè што ќе биде сработено во спротивен правец, ќе донесе квантитет и губење на поттикот и мотивацијата на нашите спротисти, но такво нешто досега се нема случено“, вели Богоевски.
Целиот разговор може да го проследите на линкот подолу: