Нашиот борач Далибор Богаднов кој настапува за ЕСВ Минхен Ост се повреди при настап до 75 килограми во грчко-римски стил.
„Во првата борба во грчко-римски стил во првата минута заработив повреда на зглобот на ногата. Тоа се случи кога тргнав во акција, успевав да дојдам до водство од 2-0, а во следната акција дојдов во незгодна ситуација и противникот ме загуши. Останав без воздух. Прашање е сегадали ќе настапувам оваа сезона“, изјави Богданов за Ipon.mk.
Ipon.mk/В.Д.