Бобан Савев и Владимир Егоров утре стартуваат на Европското првенство (ФОТО)

Репрезентативците Бобан Савев и Владимир Егоров утре први старуваат (10 часот) на Европското сениорско првенство во борење слободен стил во Нови Сад.

Савев (86 кг) се среќава со олимпискиот вицешампион Јашар Селим од Турција, а Егоров (57 кг) со Залум Угуев од Русија.

Ова е доста тежок жреб за нашите борачи, посебно за дебитантот Савев.

Ох! Искрено сакав барем во првото коло да имат некој посолиден противник. Ама и двајцата се дебитанти за сениори и ова и е прво Европско првенство“, вели тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези.

Другите двајца репрезентативци Могамедгаџи Нуров и Елмедин Сејфулаху настапуваат во среда и четврток.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON