Бобан Савев ги собра симпатиите на публиката на „Јашар Догу“ во Истанбул

Во својот прв настап на голем меѓународен турнир младиот Бобан Савев (97 кг) воопшто не разочара, напротив ги собра симпатиите на публиката во Истанбул, иако загуби со 7-2 од домашниот борач Сезар Халим на силниот турнир „Јашар Догу“.

„Бобан Савев прикажа одлична борба и максимлано го намачи домашниот борач, кој потоа се бореше во полуфиналето. Ако се знае дека ова епрво негово учество надвор, јас сум задоволен од прикажаното. Морам да нагласам дека нивното неискуство влијаеше на борбите, но мора од некаде да се почне, а и да видат како се борат најјаките“,  изјави тренерот на репрезентацијата на Македонија, Лулзим Вренези за Ipon.mk.

Вториот наш борач Михаил Николов (84 кг) загуби со технички туш од турскиот борач Сердар Ортан. Вчера Бунјамин Нуиши (74 кг) во една интересна борба беше поразен од руски борач. Тој ја имал борбата во раце, но несикуството си го направило своето и Русинот со едно исфрлање направил пресврт.

Ова е пресилен турнир за нашите борачи, бидејќи само Русија партиципираше со по четворица борачи во категорија плус другите.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON