Бобан Илиоски загуби од искусниот Барон на бокс квалификациите за Олимпијадата во Париз

Бобан Илиоски е поразен од Патрик Барон (Велика Британија) во првото коло на првиот светски квалификациски боксерски турнир за Олмписките игри во Париз 2024 во Бусто Арсизио, Италија.

Барон, кој беше фаворит во оваа борба, славеше со одлука на судиите 5-0 (30-25, 30-24, 30-25, 30-26, 30-24).

„Боби дозволи противникот да му наметне негово темпо, не го примени тоа што се договаравме, да наметне свое темпо. Но, тоа е резултат на искуството во боксот, а имаше искусен противник, секако, тоа има многу влијание. Но, како и да е, вредеше искуството и добро е дека нема никакви повреди“, изјави неговиот тренер Дејан Митровски-Урко.

Во категоријата до 92 килограми се пријавени 44 боксери од светот, а само четворица обезбедуваат олимписка норма.

Илиоски беше единствениот македонски претставник на овој квалификациски турнир.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON