Денеска Бобан Илиоски во Софија на профи-меч ќе ги одмери силите со бугарскиот боксер Григор Саруханјан.
Бугаринот е многу искусен боксер и10 години е постар од Бобан.
Оваа ќе биде втор меч во професионалниот бокс на Илиоски.
„Имаше една недела за подготовки откако стигна понудата. Мерењето е денес во 12 часот. А борбата е во 14 часот. Боби се чуствува подготвен“, вели тренерот Дејан Митровски-Урко.