Бобан Илиоски извјува ефектна победа со прекин во првата рунда во професионалниот меч проти Милош Бајовиќ во Нови Сад, Србија.
Илоски тргна силно од првата секунда на Пилот настан 2 на Батл нет чемпионшип во борбата до 81 килограм во К1, противникот не знаеше што го снајде, за две минути му броеја три пати.
„Добро помина борбата, како и што очекувавме. Се исплати цела година напорното вежбање. Ќе направам мала пауза, недела дена, и продолжувам со тренинг за поголеми успеси“, изјави Илиоски за Ипон.мк.
Неговиот тренер Дејан Митровски-Урко е задоволен од она што го покажал Боби.
„Боби спремен влезе во рингот смирен како никогаш до сега и со една цел, да победи со прекин. Тоа и се случи, уште во првата рунда со три броења на противникот. По откажувањето на повеќе договорени борби на кои требаше да настапи тој, оваа борба добро му дојде. Кондиционо е многу поподготвен од порано и продолжува со тренинзите. Ги пикиравме светските и европските првенства под ВАКО и ИФМА следната година“, истакна Митровски за Ипон.мк.
Ipon.mk