Бобан Данов – Б’зи е победник во најатрактивната категорија „башпеливан“ на 27. Меѓународен традиционален пеливански турнир –Пролетни веселби во Чалакли, Валандово, што во декември 2017. влегоа во листата на УНЕСКО за заштита на нематеријално културно наследство на човештвото.
Тој во финалето славеше против пеливан од Турција.
Пред бројната публика се претставија околу 100 пеливани од сите клубови од државата и од Турција. Во воведните борби настапија и пионери.
Организатор на турнирот, воедно и претседател на Здружението -Хид бах чен фест, д-р Шенол Таир. Текнички организација беше на Федерацијата за пеливакско борење на Македонија.
Ipon.mk