Бобан Блажевски ќе ја води Тренерската комисија при БФМ

Бобан Блажевски ќе биде нов претседател на Тренерската комисија при Бокс федерацијата на Македонија (БФМ) откако по неколкуте предлози на состанокот во Охрид тој ја прифати оваа должност.

Претходно повеќе тренери инсистираа тоа да се направи по некои критериуми.

Во воведниот дел претседателот на БФМ, Примислав Димовски, рече дека не е најзадоволен од работата на оваа Комисија и дека поради обврските, односно работата што ја има досегашниот претседател Оливер Станков ќе треба самата фела да си избере нов претседател. Иако беше нагласено дока од состанокот треба да произлезат само предлози за претседател и тренери на репрезентациите, сепак тоа прерасна во избор.

„Ќе и дадеме поддршка на Комисијата за подобра функционалност, комуникација меѓу тренерите, од каде што ќе доаѓаат предлози до Управниот одбор кој ќе треба да пресече. Ако се зголеми комуникацијата БФМ ќе и даде поддршка на Комисијата за организација на 1-2 семинари годишно“, рече Димовски и додаде дека лицата што ќе се изберат за тренери на соодветните репрезентации треба да имаат лиценца (ѕвезда) за водење на меѓународни натпревари.

Од друга страна, Блажевски како соработници во Комисијата ги доби Мухамед Алија, Недим Цановски, Алил Фетаи.

За да биде сето ова официјално ќе треба да помине на УО на БФМ.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON