Познатиот американски ветеран во мешани боречки вештини Боб Сап го предизвика на дуел поранешниот светски шампион во бокс Мајк Тајсон.
Претходно оваа година Тајсон рече дека му била понудена борба со Сап. Тајсон бил подготвен да го стори тоа, но подоцна нивната средба пропаднала и причината останала нејасна. Боб очигледно не е задоволен од неуспешната битка.
На својот профил на социјалните мрежи Сап покажа брутална физичка форма иако има 48 години. Тој го предизвика Тајсон на видео и се закани дека ќе му го откорне срцето во рингот.
„Мајк, сега сите знаеме што се случи кога зборувавме за борбата. Ти испратив слика со фразата „Мајк, ако се бориш со мене, тогаш ќе ти го откорнам срцето и ќе го распарчам“.
А мојот предлог се уште важи. Престани да трчаш, слушај ме. Јас и ти, како и по двајца од моите и твоите најдобри борци, ќе се сретнеме според правилата на боксот. Затоа што сте премногу исплашени да излезете сами.
Ќе контактирам со сите вас копилиња. Ова е мојот предизвик, ја знаете мојата возраст. Борете се против мене или мојот тим“, рече Сап на социјалните мрежи.
Боб Сап има 48 години и има скор од 12-19 во кик бокс. Тој има добиено само 2 од неговите последни 17 битки во рингот. Во ММА Сап има скор од 12-20-1 и има добиено само 1 од неговите последни 15 борби во кафезот. Познато е дека Сап секогаш се откажува кога работите стануваат жешки.