Боб Арум: Тајсон Фјури никогаш повеќе нема да се бори

Боксерскиот промотор Боб Арум верува дека Тајсон Фјури нема да се врати во рингот откако во јануари објави дека се пензионира.

Поранешниот светски шампион ја шокираше јавноста и најави дека се пензионира само неколку недели по вториот пораз од Александар Усик.

Во декември 36-годишниот Британец на настан во Ријад загуби од непоразениот Украинец со едногласна одлука на судиите во меч за титулите на ВБА (Супер), ВБЦ и ВБО.

Фјури се пензионираше и се враќаше неколку пати во својата славна кариера, но сопственикот на Топ ранг смета дека Џипси Кинг овој пат ја донел конечната одлука.

„Мислам дека Фјури никогаш повеќе нема да се бори“, изјави Боб Арум за поткастот 5 лајв боксинг, додавајќи:

„Марвин Хаглер имаше една изрека: „Богат човек кој спие во свилени пижами не станува рано наутро и не работи на пат“. Верувам дека Тајсон не сака повеќе да го прави тоа, станувајќи наутро и напорно да тренира. Сега веќе не мора да го прави тоа“.

Последните три борби на Фјури беа во Саудиска Арабија, победувајќи го Френсис Нгану, а потоа загуби двапати од Александар Усик.

Неговата последна борба на Островот беше во 2022 година, кога со прекин во десетата рунда на стадионот на Тотенхем го победи сонародникот Дерек Чисора.

Фјури во кариерата има добиено 34 борби, со едно реми и два порази.

Но, промоторот Еди Херн неодамна изјави дека не ја исклучува можноста Тајсон Фјури да се врати во многуочекуваната борба против Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON