Боб Арум, шефот на менаџерската компанија „Топ Ранк“, која ги претставува интересите на Мани Пакијао, изјави дека нема интерес за преговори за реванш меѓу него и Флојд Мејведер.
„Никакви преговори не водам за повторна средба меѓу Пакијао и Мејвдер. Тие заработија толку многу колку што нема да се здобијат во која и да е друга борба. Никој не може да тврди дека ќе можат да генерираат исти приходи при нивната втора средба “.
Борбата меѓу Мејведер и Пакијао се одржа на 2 мај во Лас Вегас, откако неколку години се крчкаше.