Тајсон Фјури ќе се врати на „последен танц“ во боксерскиот ринг. Ова предвидување го даде неговиот менаџер и близок пријател Боб Арум. Легендата очекува шампионот на ВБЦ да се соочи со победникот од мечот меѓу Александар Усик и Ентони Џошуа.
Украинецот ќе ги брани појасите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО во реваншот против Еј Џеј. Натпреварот е закажан за 23 јули, а најверојатен домаќин е Саудиска Арабија.
Тајсон неколку пати изјави дека се повлекува со победата над Дилиен Вајт. Сепак, ниту неговата сопруга Парис не е убедена дека тоа ќе се случи. Таа самата по нокаутот во шестата рунда над „Крадецот на трупови“ изјави дека нејзиниот сопруг може повторно да ги облече ракавиците за да ги обедини титулите.
Токму во оваа насока нагласува Боб Арум.
„Ќе го видам Тајсон. Ќе разговараме на вечера, но нема да го притискам за ништо. Во моментов тој навистина го мисли тоа што го кажа. Но, дали ќе размисли за два месеци? Очекувам по битката на Џошуа и Усик да му зоврие крвта и да се врати на меч со победникот“, коментира легендата во промотивниот бизнис.
На обединувачки меч повика и последниот апсолутен шампион Ленокс Луис. Британецот како таков се пензионираше во 2003 година, а по победата на Фјури, тој самиот побара од него да остане уште еден, навистина финален меч со Еј Џеј или Усик.