Блеснаа билдерите на отворена сцена во парк на Државното првенство (ФОТО)

После три месечна забрана за работа на бодибилдинг и фитнес клубовите во Македонија и само еден месец од нивното повторно започнување со работа, под посебни мерки за заштита од ширење на заразата, донесени од страна на комисијата за заразни болести на предлог на ББФФМ, националната федерација, УО на ББФФМ заедно со Натпреварувачката комисија донесоа одлука за одржување на првенствен натпревар, квалификации за учество на меѓународните првенства, Балканско и Европско, под исто така посебни мерки на отворено.

Натпреварот се одржа во градскиот парк во Скопје, на отворена сцена кај школката, во неделата на 23 август од 10 до 14 часот. Времето беше прекрасно, паркот исполнет со вљубеници на здраво, силно и убаво обликувано тело, но и со многу шетачи кои за првпат се сретнаа со еден ваков настан.

Победници во категориите беа: Стефан Ѓоргиев од Магнус Фитнес од Скопје во категорија бодибилдинг тинс до 19 годишна возраст, Александар Мирчев од Магнус Фитнес од Скопје во категорија бодибилдинг јуниори до 23 годишна возраст, кој исто така извојува победа и во категоријата бодибилдинг сениори-лесна, оставајќи го зад себе бронзениот од минатогодишното Европско првенство, својот клубски колега Мартин Манасиевски, кој формата ја темпира за средината од септември и настап на Европското.

Неџип Сулејмани, член на Магнус фитнес од Скопје извојува победа кај тешкашите, бодибилдинг сениори и стана апослутен победник на настанот. Александар Јермазов член на Магнус фитнес од Скопје беше најдобар во категоријата физик кај јуниорите, а Дејан Мицов од Атлета Скопје беше најдобар во истата категорија кај сениорите. Драган Стојчевски од клубот Билдер од Скопје беше најдобар во категоријата физик ветерани над 40 годишна возраст. А, најубавото издание го прикажа балканската шампионка од 2019 година, член на Магнус фитнес клубот, Мери Акиевска во категоријата велнес фитнес.

„ББФФМ во моментов чека разрешница на ситуацијата и можноста за патување, како би испратила екипи на Балнанското во Романија и Европското во Шпанија. Доколку не дојде до поголеми нарушувања во протоколите и можноста за слободно патување на Европските држави во Македонија, до крајот на годината или поточно во октомври не очекува уште едно државно првенство и трет меѓународен натпревар од Дијамантската лига на ИФББ/IFBB Купот на град Скопје“, велат од Федерацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON