Блаже Дардов на Муња фајтинг чемпионшип 1 (МФЦ) во загреб на 21 јануари се среќава со Плеурат Смајли (77 кг). Ова е можност за битолчанецот Дардов да направи чекор напред по поразот од Живко Стоименов на гала вечерта на ИСФА во Битола во декември минатата година.
Те очекува уште едно искушение во Загреб. Што очекуваш на овој исклучително силен турнир?
-Па да, по поразот во Битола се враќам поподготвен и посилен со страшна мотивација за победа.
Што мислиш за твојот противник?
-Противникот е доста добар и многу постар од мене, но тоа не ме спречува да се борам и да го победам. Доаѓа од најдобрата хрватска школа и е доста добар. Имам респект кон него.
Дали ова ќе биде борба за нов пресврт во кариерата?
-Ќе дадам се од себе за да биде така.
Ipon.mk/В.Д.