Блахович остана парализиран за време на кампот: Не ја чувствував левата страна од телото!

Поранешниот шампион проговори за причините за повлекување од борбата со Ракиќ.

Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија Јан Блахович (39, 28-9) имаше големи проблеми во тренинг кампот за борбата против најдобриот српски борец Александар Ракиќ. Јан никогаш во кариерата не одложил броба, но овој пат беше принуден, бидејќи заработи малку пострашна повреда.

Имено, Јан доживеал парализа на целата лева страна од телото, а изјавил дека не знае кога навистина се случила повредата: „Се разбудив тој понеделник и почувствував болка во вратот. Мислев дека спиев лошо и ме боли поради тоа, но сепак отидов на тренинг. Добив еден удар во гардот и почувствував страшна болка во вратот и веднаш потоа не ја почувствував левата рака и целата лева страна од телото“, изјави поранешниот шампион.

„Бев целосно парализиран. Тоа не беше нормална болка, тоа беше нешто полошо. Го фотографирав мојот врат кај докторот и се покажа дека дискот притисна на нерв на вратот, па не ја почувствував целата лева страна од телото“, додаде Јан.

И покрај страшната повреда, Блахович успеа да избегне операција.

„Ми дадоа лек во вратот, четири недели рехабилитација и бев подготвен повторно да тренирам сто проценти. Порано, можев да тренирам само лесно, не можев ни да се спапарирам, можев само да вежбам во вреќа, со фокусери, велосипед и да трчам, ништо тешко“.

Изгледа дека Јан донел вистинска одлука кога решил да се повлече од борбата со Ракиќ, која првично требаше да се одржи во март, за сега да се подготви за борбата во вистинска смисла на зборот.

„Сега се е во ред. Не морам повеќе да се грижам за таа повреда, сега правам спаринг, се занимавам со џиу-џицу, борење и се друго“, заклучи симпатичниот Полјак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON