Блахович го нокаутира Андерсон и го предизвика Џон Џонс (ВИДЕО)

Јан Блахович (26-8, 9-5 УФЦ) е најверојатниот следен предизвикувач за титулата во полутешка категорија на УФЦ.

Поранешниот шампион на КСВ во главната борба на настанот во Рио Ранч, Ново Мексико, во првата рунда го нокаутира Кори Андерсон (13-5, 10-5 УФЦ) и му се реваншира за поразот со одлука на судиите во 2015 година.

После 3 минути борба, Андерсесон тргна со мал лоу кик, а 36-годишниот Полјак го пречека со десно кроше и го нокаутира.

Блахович по победата го предизвика Џон Џонс кој беше во публиката: „Целиот свет беше во криво во врска со мене. Докажав дека сум еден од најдобрите во светот. Ајде да зборуваме за мојот следен противник Џон Џонс. Ти си следен, дај ми место и време“.

Ова е трета последователна победа на Блахович, додека Кори Андерсон доживеа прекин на низата од четири победи.

Диего Санчез (30-12, 19-12 УФЦ) среќно дојде до победа над поранешниот шампион на СБЦ, Мишел Переира (23-11-2 НЦ, 1-2 УФЦ).

Во мечот што го губеше дојде до победа со дисквалификација од третата рунда. Переира со срија удари од тај клинч сериозно го повреди Санчез, но еден удар заврши додека тој беше технички на подот. Победникот на првиот Ултимејт фајтер изјави дека не може да го продолжи мечот и Бразилецот беше дисквалификуван. Ова е негов втор последователен пораз во УФЦ.

https://youtu.be/LXqFflkFLqY
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=mKzbTEvH-_0&feature=emb_logo
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=Fvwv5V7GCck&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON