На Горјан Славески му е одземена титулата на БКФЦ во полусредна категорија.
Промоцијата за борби со голи раце ја објави веста дека Славески прифатил борба надвор од организацијата без претходно да добие дозвола. Славески прифати борба против Брендон Џенкинс како дел од борбената карта на настанот Карате комбат 43 во Лас Вегас.
„За жал, Горјан прифати борба надвор од организацијата без наше одобрение, што резултираше со одземање на титулата во полусредна категорија. Ќе имаме дополнително соопштение во врска со сега испразнетата титула во полусредна категорија“, се вели во изјавата на претседателот на БКФЦ, Дејвид Фелдман.
Во текот на кариерата во БКФЦ Славески постигна совршен скор од 6-0 со четири победи со нокаут. Тој ја освои титулата БКФЦ во полусредна категорија во неговото последно излегување кога во август со едногласна одлука го победи ветеранот на УФЦ и Белатор Џејк Линдзи.
Сега, четири месеци подоцна, на Славески му е одземена титулата и БКФЦ планира да круниса нов шампион во 2024 година. Не е познато дали ќе му дозволат да остане во БКФЦ.
View this post on Instagram