БК Вардар 1961 и семејството регаираат на употребата на името на покојниот тренер Бојан Рангелов на претстојниот турнир на 8 септември

Управата на Боречкиот клуб Вардар 1961 и семејството на тренерот Бојан Рангелов реагираат на текстот вчера што беше објавен во Ипон.мк „Вардар на 8 септември организира спектакуларен меѓународен турнир во борење“.

Тие велат дека без нивно одобрение се користи името. Од друга страна, истакнуваат дека веќе има турнир „Бојан Рангелов“ кој го организира БК Вардар 1961 и кој е одложен во пресрет на Балканското првенство кое ќе се одржи на почетокот на октомври во нашата држава.

Од клубот велат дека се продолжи со вакви изјави за злоупотреба ќе следат санкции и реакции до надлежните институции кој ги водат ваквите случаеви .

„Не сакам да го употребува името на мојот татко Бојан Рангелов, затоа што веќе имаме еден таков турнир со името „Бојан Рангелов“ кој организира Вардар  1961“, вели синот Александар Рангелов кој истакнува дека ова е пријавено и во Федерацијата за борење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО