БК Олимпија носи ексклузивен гостин – УФЦ борецот Џордан Џонсон

Од 1 до 6 мај Боречкиот клуб Олимпија од Штип ќе има ексклузивен гостин, ММА борецот кој се натпреваруваше во УФЦ, Џордан Џонсон од САД.

„Џонсон ќе одржи 4 т.н. клиники, во кој ќе одржи промотивни тренинзи на база на семинар, со цел согледување на потенцијалот, но и промоција на овој спорт кај младите. Имајќи предвид дека станува збор за еден од најпрестижните, но и најмасовно поддржуваните боречки спортови во светот, ова ќе претставува одлична можност не само за штипјани, туку и за сите млади од земјата. Со оглед на тоа дека основниот спорт во кој Џонсон ја започнува својата кариера е борењето, БК Олимпија ќе биде негов домаќин, не само за овој настан, туку и за идните ангажмани кои во перспектива ги има Џонсон, во наштата земјата и во Источна Европа. За таа цел Олимпија, која е домаќин на Џонсон, има чест да ги покани сите млади спортисти од боречките спортови, борење, џудо, бокс, карате, К1 и слично, кои се заинтересирани да одржат тренинг со Џонсон да се придружат на 3 и 4 мај во период 10:00 часот и 17:00 часот во просториите кои доплнително ќе бидат одредени“, истакнуваат од Олимпија и додаваат:

„За да може да присуствуваат на овие тренизни и за подетални информации заинтересираните потребно е да се пријават во нашиот клуб, бидејќки бројот на учесници е ограничен“.

Трошоците за присуство на овие тренинзи на база на семинар и се на товар на БК Олимпија.

Џордан Џонсон настапи на УФЦ Фајт најт 136 во Москва, Русија, на 15 септември 2018 година.

Џордан Дејвид Џонсон е роден на 18 ноември 1988 година (34 години) Ричмонд, Вирџинија, САД.

Има вкупно 15 ММА победи од кои 12 со нокаут, 2 со завршница, 4 со одлука и 6 порази – 2 со нокаут, 1 со одлука, 1 нерешена и 1 без одлука.

Првпат почнал да се бори во 6-то одделение во средното училиште Вашингтон Јуниор во Напервил, Илиноис. Оттаму, тој продолжи да се бори за средното училиште во Непервил, каде што стана шампион во борење во средното училиште во Илиноис во помладите години. Потоа се преселува во Ајова, освојвајќи го третото место на Државниот турнир во Ајова. По завршувањето на средното училиште Џонсон се пријавил да се бори за Универзитетот во Ајова. Тој беше два пати американски државен првак на Универзитетот во борење во слободен стил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON