БК Олимпија организира семинар со олимпиецот Зоран Шоров (ВИДЕО)

Боречкиот клуб Олимпија организира семинар со олимпиецот и освојувач на европски медали Зоран Шоров.

Семинарот ќе се одржи на 27 февруари во салата на ОУ „Славејко Арсов“ во Штип, населбата Баби, со почеток во 19 часот.

Целта на семинарот е младите да се едуцираат за спортот, односно полезноста од занимавањето со спорт и афирмацијата која што се стекнува.

„Дознајте од прва рака за техниките, стратегиите и психолошката подготовка кои ги користат врвните борци“, истакнуваат од Олимпија!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО