Вчера градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов, со техничка организација на БК Бучим, организираa свечен прием за Марио Ананиев по повод освојување на бронзениот медал на Европско првенство во У15 во Лутраки, Грција.
На овој прием беше организиран и свечен коктел заедно со сите спортисти и спортски работници.
Марио Ананиев го освои 3-то место и бронзениот медал во категоријата до 57 килограми за У15 на Европското првенство во Грција. Тој е и државен првак во оваа категорија, а на манифестацијата „Спортист на годината“ беше избран за најперспективен спортист во 2023 година во Општина Радовиш.
За овој успех и афирмација на Општина Радовиш и градоначалникот Ацо Ристов доделија ваучер на Марио Ананиев од Боречкиот клуб Бучим. Ваучер со средства додели и Владо Лазаров од име на БК Бучим и Ванчо Чифлиганец.
Поздравно обраќање на овој прием и честитки до Марио упатија претседателот на Боречката федерација Дејан Богданов, олимпискиот шампион Шабан Трстена и други.
Фото: Општина Радовиш