Вчера БК Аперкат организираше јавен спаринг, при што имаше околу 15 мечеви во сите категории.
На јаниот спаринг учествуваа: Аперкат, Шкупи, Кисела Вода, Шкендија и Чигра.
Организаторите изразуваат благодарност до Судиската организација која им ги објасни правилата во рингот на младите боксери.
„Во прекрасна атмосфеса сите млади боксери покажаа боксерска дисциплина и вештина за нивната возраст“, вела од БК Аперкат, истакнувајќи дека спарингот бил за тие што се почетници, кои немаат борби или до 3 меча“.
Се вимавало на се, затоа изразуваат благодарност до докророт Дејан, член на Лекарската комисија при Боксерската федерација.