Екипата на Борачкиот клуб „7 Мај“ е најуспеша екипа на Меѓународниот турнир во борење во Прилеп по повод денот на независноста „8 Септември“, а Катерина Мирческа (7 Мај) е најдобар домашен борач.
Второпласирана беше екипа од Косово, а трети од Бугарија. Радомир Стојанов од Бугарија е прогласен за нјадобар странски борач, додека Њомза Красниќи од Косово за најдобар техничар.
На петиот Меѓународен турнир во борење учествуваа околу седумдесеттина борачи од Бугарија, Косово и повеќе клубови од Македонија.
„Локалната самоуправа го поддржува овој спорт, а боречкиот клуб „7 Мај“- Прилеп направи една одлична традиција, да и овој спорт заживее во градот под Марковите кули, вклучувајќи притоа многу млади и талентирани борачи“ – истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп на отворањето на турнирот.
Организаторите најавија дека до година турнирот во борење ќе биде побогат со интернационални борачи.
Ipon.mk/В.Д