БJ Пен повторно учествуваше во тепачка во бар.
Поранешниот шампион во лесна и во велтер категорија во УФЦ претепа маж пред еден бар на Хаваите. Борбата својствено за Пен заврши на подот.
Не се знае кој ја започнал тепачката. Полицијата пристигнала на местото на настанот, но се чини дека борецот не е уапсен.
Пен во слична ситуација се најде и во јуни кога претепа човек пред стриптиз бар.
ТМЗ објави снимка од инцидентот, а потоа уште една, бидејќи се чини дека пресметката продолжила и на друго место, но овој пат Пен го извлече подебелиот крај, затоа што противникот со два удари го испрати на грб.
https://www.tmz.com/videos/082819-bj-penn-4622598-0-blvm32vh/
40-годишниот борец не знае за победа во УФЦ од 2011 година и е во серија од осум средби без победа.
„Продиџи“ би требало кариерата да ја заврши во меч со Ник Ленц, но таа борба сè уште нема датум.