Бенсон Хендерсон (23-5, 11-3 УФЦ) е новото засилување на Белатор.
32-годишниот Американец реши да ја прифати понудата на конкурентската промоција по четири и пол години во УФЦ.
Хендерсон во февруари 2012 година ја освои титулата на УФЦ во лесна категорија победувајќи го Френки Едгар. Тој ја одбрани титулата три пати пред да биде поразен од Ентони Петис. По два последователни порази, од дош Ањош и Кероне, тој се пресели во велтер категорија и постигнати две победи – против Брендон Сламен и Жорге Масвидала. Претходно, тој беше шампион на ЦЕЦ.
„И повеќе сум од возбуден, поради нова фаза во мојата кариера, тоа е голем потег, како и било кој другшто по долги години го менува работодавачот. Морам да се заблагодарам на оној горе кој што стави некои неверојатни луѓе во мојот живот, прво и најважно мојата сопруга и многу навистина паметни луѓе зад сцената кои направиле контакт и преговараа за оваа зделка. Сакам да се заблагодарам на Дана Вајт и Лоренцо Феритаa за приликите кои ми ги дадоа, вие ми помогнавте и ми го сменивте животот на подобро и бев во можност да им пружам работи на моето семејство кои не ги имав додека растев. Поради тоа секогаш ќе ве ценам. Ви благодарам на сите совети што ми ги дадовте, и во приватниот живот и во бизнисот. Им се заблагодарувам на сите во УФЦ со кого сум работел зад сцената. И благодарам на моите навивачи за сета љубов и поддршка. Ќе продолжам да давам сите од себе, да ги отворам и душатаи и срцето тој кафез.Возбуден сум поради ова ново поглавје и градењето на нови односи за кои сум ги слушнал само најдобро, како Скот Кокер, Рич Чоу и Мајк Коган“, пишува „Smooth“ на својата официјална страница.