Паун фор паунд од Битола на Меѓународниот џиу џицу и граплинг турнир во Софија освои 23 медали – 10 златени, 7 сребрени и 6 бронзени и е најуспешен клуб со 165 поени или со 35 победи и 22 порази.
„Почестени од државата со 0 денари државен ваучер заминавме во Софија на борби за кои се гинеше наутро и навечер на секојдневните клупски тренинзи. Го постигнавме она за кое се подготвувавме, да бидеме први да бидеме најдобар тим и ја претставиме нашата Битола и Македонија.
Без оглед на сите саботирања, на цел театар и голем криминал во спортот, ако може ова кај нас воопшто да се нарече спорт, она што во последно време ни се случува, ние со голема мотивација успеавме да го реализираме успешно и овај проект за нас.
Ние сме борци кои, покрај се, ќе продолжат упорно и јако да тренираат и работат на себе и достигнуваат и остваруваат нови битки и победи.
Мoжат да земаат државни пари за спорт и ги трошат по кафеани и лични задоволства, да се финансираат погрешни „спортисти“ и „клубови“, да не игнорираат и саботираат, да се финансираат непостоечки клубови, но едно не можат да ни земат…нашата љубов и желба за да ги тренираме и учиме боречките вештини и сето тоа го докажуваме на борилиштата насекаде каде имаме прилики да се појавиме“, вели стратегот на клубот Сашко Мирчевски.