Менде Чукалевски викендов ја забележа втората ММА победа во на настанот Кејџ ворс 50 во Њујорк, победувајќи го со нокаут во првата рунда Нортхерн МекКалоу.
Чукалевски и првата борба ја добил со нокаут.
Победите ги прославува со македонското знаме.
Инаку, Менде попотекнува од Битола од село Буково. Од мали години е преселен во САД, во државата Нујорк во градот Сиракуз Њујорк, каде и што живее.
Чукалевски од тинејџерски години се занимава со бодбилдинг,притоа има освоено неколку први места низ Америка, а од пред три години почнува да тренира џиу џицу. Подоцна почнува со натпревари во ММА.
Менде со нетрпение ја чека наредната борба на Кјеџ ворс 51.