Ристо Димитров – Чурино и Борче Талевски успешно го поминаа мерењето во Атина за ФФЦ 28 насловен како „Грција против остатокот од светот.
Димитров (1-1 ФФЦ) е 1,3 кг полесен од кик бокс ѕвездата Робин ван Ромасален кој го има вториот ММА меч (1-0 ФФЦ).
За соочувањето Ристо вели:
„Беше малку напнато, се гледавме намќоресто! Очекувам јака борба. Силна и интезивна. Одам на победа“!
Борче е самоуверен во себе и посочува дека на Гркот Андреа Михалидис му порачал:
„Утре ќе те „убијам“ среде Атина“!
ФФЦ 28 – Атина: Грција – Остатокот на светот
ММА
Робин ван Росмален (Хол) 69.3 кг – Ристо Димитров (МКД) 68.0 кг -69 кг
Дарко Стошиќ (Срб) 105.5 кг – Емил Захариев (Буг) 130.0 кг, ХВ – меч за титула
Филип Пејиќ (Хрв) 68.4 кг – Алексис Савидис (Грц) 67.7 кг, -68 кг
Стаматис Мороулис (Грц) 83.0 кг – Едгар Сантос (Бра 84.2 -82 кг
Андреас Михалидис (Грц) 84.5 кг – Борче Талевски (МКД) 84.5 -84 кг
Александрос Пападимитриу (Грц) 69.9 кг – Јанис Михалопулос (Грц) 69 – 70кг