Битола е подготвена за Балканското џудо првенство за деца

Викендов, 28-30 јуни, во Битола ќе се одржи Балканското првенство во џудо за помлади пионери-ки. Балканското првенство е во организација на Џудо федерацијата на Македонија, а за  учество се пријавени 420 натпреварувачи и над 100 стручни лица (тренери, судии и останати комисии) од 11 држави (Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Молдавија, Кипар, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Турција и Македонија).

Најдобрите џудисти силите ќе ги одмерат во спортската сала „Боро Чурлевски“ на четири борилишта и останатите услови согласно барањата на Балканска џудо федерација.

Прелиминарните борби  започнуваат во сабота (29 јуни) од 10:00 часот, додека свеченото отварање е закажано истиот ден во 16.00 часот, притоа се очекуваат високи гости од Балканската џудо федерација, како и гости од дипломатскиот кор и Општина Битола.

Се покануваат сите љубители на џудо спортот да ги проследат борбите.

Влезот во салата е слободен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON