Биспинг смета дека е на две борби до титулата

michael-bisping-mazen

Мајкал Биспинг последната победа ја извојува над ЦБ Долавеј и се надева дека во јули ќе има два последователни успеси со следниот дуел против Талес Леитес. 

Англискиот борец изјави дека со победата над Леитес, со уште една победа ќе биде на еден меч за титулата.

 „На последниот меч ја зацврстив својата позиција меѓу елитата на УФЦ. Ако добро се справам со Талес, а природно е да се надевам на тоа, тоа ќе ме исфрли поблиску до борбата за титулата.

 Сега претенденти се „Џакар“ и Рокхолд. Да речеме дека Лук ќе се бори за титулата. До тогаш ќе го победам Леитес. Речиси, и јас ќе бидам таму. Отсекогаш тоа било мојот сон и моја цел. И уште е, барем додека сум во УФЦ. Отсекогаш сакав да станам светски шампион.

 Со текот на времето станувам се подобар. Имам 36 години, но се чувствувам како во младоста“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON