Денеска во Боксерската федерација на Македонија свечено ги додели признанијата за најдобрите во 2015 година во ресторанот Буши во Скопје. Идриз Бислими од БК Шкупи е најдобриот боксер за 2015 година, додека Алмир Нуришов (Тернипе) е најдобриот јуниор, а Шпенд Гафури (Шкендија) во кадетска конкуренција.
За перспективни боксери се призннаија добија: Гоце Јанески, Јасин Лама, Осман Демиров, Јасин Мифтар, Ѓорги Трајковски и Марко Стојановски.
Мирко Ристевски-Мице и Насер Харуни се надобрите тренери за минатата година, а Петре Неделковски и Фросина Мнаева се најдобри судии, додека Душко Сачкарски е најдобриот делегат.
На присутните им се обратија претседателот Војо Настевски и потпретседателот Фатон Салиху.
Ipon.mk/В.Д.