Бокс турнирот на ЛОИ во Париз во категоријата до 66 килограми понуди уште еден скандал, а одново во центарот на вниманието беше Иман Келиф, алжирската боксерка која на минатото Светско првенство падна на ДНК тестот кој покажа дека има машки хормони.
И покрај тоа, 25-годишната Келиф доби дозвола за настап во Париз, а дуелот против италијанската боксерка Анџела Карини го доби по само 46 секунди.
Италијанката реши да се повлече и го предаде мечот, не сакајќи да боксира против машко. Иако го започна, по неполна минута таа сигнализира дека се предава.
The IOC have just forced this woman, Angela Carini, to box against a biological male, Imane Khelif.
Calini abandoned the fight after just 45 seconds.
She should never have been made to enter the ring with a man. pic.twitter.com/yL7gdAfiNU
— Lara Brown (@lara_e_brown) August 1, 2024
Италијанката Ангела Черини не издржа повеќе од тоа, го предаде мечот велејќи дека „ова нема смисла“, а потоа пукна во солзи. Инаку, Анџела Карини освои светско сребро во 2019 година, како и сребрен медал на Европското првенство. Не беше безопасна боксерка, но немаше никакви шанси против Келиф.
Мексиканската боксерка Бријанда Тамара веќе еднаш имаше можност да боксира против Келиф, а тој меч не се сеќава со задоволство.
„За време на борбата со неа не бев при себе. Нејзините удари беа многу болни и мислам дека не сум почувствувал такво нешто во 13-те години колку што боксирам, дури ни во спаринг-мечевите со мажи. Фала му на Бога што излегов цела од рингот и мило ми е што конечно разбраа“, напиша Бријанда на Твитер откако Келиф беше суспендиран од ИБА.
Angela Carini (blue, female) abandons fight against Imane Khelif (red, male) a few minutes into fight /1 pic.twitter.com/yOIvZkDaow
— FairPlayForWomen (@fairplaywomen) August 1, 2024
Светската боксерска федерација истакнува дека Ју-Тинг и Келиф не поднеле жалба на нивната одлука, што ја докажува легитимноста на нивните тестови
ИБА го искажа своето мислење и за настапот на Келиф и Лин Ју-тинг. Светската боксерска федерација остро го осуди овој потег на МОК, а тие ги негираат тврдењата за нелегитимни тестови.
„ИБА ги дисквалификуваше спортиските Лин Ју-тинг и Имане Келиф од Светското првенство во бокс за жени во 2023 година во Њу Делхи. Дисквалификацијата настанала како резултат на нивното неисполнување на критериумите за подобност за учество во женска конкуренција. Оваа одлука беше донесена по детален преглед и беше исклучително важно и неопходно да се одржи правичноста и максималниот интегритет на натпреварот“.
„Важно е да се истакне дека Келиф и Лин Ју-Тинг не беа тестирани за тестостерон, туку посебен и високо признат тест, чии детали остануваат доверливи. Тестот убедливо покажа дека боксерките не ги исполнуваат потребните критериуми и беше утврдено дека имаат конкурентска предност во однос на другите боксери“.
Според ИБА, тестовите биле извршени за време на СП одржано во 2022 година, а биле повторени во 2023 година за време на Светското првенство. ИБА, исто така, истакнува дека Келиф и Лин Ју-тинг не поднеле ниту жалба како важен аргумент за валидноста на одлуката. Келиф првично се жалеше до Судот за спортска арбитража, но доброволно ја повлече жалбата. Лин Ју-тинг како претставник на Тајван не се ни обиде да се пожали.
Со овој потег МОК навистина фрли голема дамка на сите Игри, а особено на турнирот во бокс. Се надеваме дека брзо ќе ја сфатат оваа грешка и ќе им забранат на биолошките мажи да боксираат со жени.