Бетербиев: Подоготвен сум за борба со Канело

Откако Артур Бетербиев ја направи задолжителната одбрана на двете титули во полутешка категорија, тој е подготвен за уште поголема борба во кариерата.

Русинот рече дека ја поздравил идејата за борба со Канело Алварез доколку Мексиканецот реши да се врати во полутешка категорија. Алварез рече дека може да ги промени категориите за неговиот следен меч.

Секако дека сум отворен за борба со Канело доколку сака да се врати во полутешка категорија“, изјави Бетербиев и додаде:„ Отсекогаш сум сакал да се борам со најдобрите, а тој е голем борец“.

Алварез (31) веќе ја освои титулата во полутешка категорија кога го нокаутира Русинот Сергеј Ковалев во 11-тата рунда од нивната борба за појасот на ВБО во ноември 2019 година во Лас Вегас.

По последната победа над Калеб Плант на 6 ноември годинава, Алварез цели кон шампионот на ВБЦ, Илунга Макабу.

34-годишниот Макабу е од Конго и има закажан меч на 29 јануари против Табсо Мчуну. Покрај победникот од оваа борба, Алварез е заинтересиран за меч и со Димитри Бивол, кој е шампион во полутешка категорија на ВБА, како и со шампионот во средна категорија на ВБЦ Џермал Кало.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON