Бетербиев ќе се бори во Рио

Beterbiev muskuli

Руската машина за нокаути во лесно-тешка категорија, Артур Бетербиев, потврди дека има намера да боксира на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Неговиот промотор Ивон Мишел исто така објасни дека Русинот има огромен интерес да се натпреварува на најголемиот спортски форум. Во саботата вечер Бетербиев (10 победи, 10 со нокаут) го нокаутираше во четвртата рунда Езикиел Мадерна на галавечерта во Монтреал.

Во понеделникот Русинот потврди дека по евентуалното учество на Олимпијадата тој ќе се врати на профи боксот.

Русија се уште нема квота за категоријата до 81 кг, па Бетербиев може да се вклучи во квалификациите следниот месец.

На претходната олимпијада Русинот загуби по феноменалната средба во категоријата до 91 кг против украинската ѕвезда Олександар Усик.

https://youtu.be/WD1YnjasxJU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON