Артур Бетебиев (14-0, 14 КО) во Стоктон по втор пат ја одбрани титулата на ИБФ во полутешка категорија.
34-годишниот Русин со прекин во петата рунда го запре предизвикувачот Радивоје Калајџиќ (24-2, 17 КО).
Бетербиев го уриваше Србинот во третата рунда пред да го прекине мечот судијата во петата рунда. Поради добиените удари лекарот го прегледуваше Калајџиќ во четвртата, откако предизвикувачот се впушти тепачка со противникот.
„Не сум задоволен од мојата изведба. Можеби мојот противник не ми даде прилика да ги покажам сите мои вештини. Сакам борби за обединување против сите прваци“.
Веќе се спомнуваше можноста за негова борба со шампионот на ВБО, Сергеј Ковалев, кој двапати го победи во аматерска конкуренција.